Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар
Енергетската криза и ценовниот шок во моментов како и најавите за уште поголем раст на енергенсите од почетокот на новата година силно удрија врз економиите на државите, а допрва ударот ќе го почувствуваат и домаќинствата.
Струја на слободните пазари има, но по екстремно високи цени. Тие се диктирани поради зголемување на цената на гасот кој пак во производството на електрична енергија во Европа учествува со 70 отсто.
Според последните калкулации цената на гасот руши рекорди на светските берзи, во Европа се продава по цена од 2.200 долари за 1.000 метри кубни.
И додека производителите на овој енергенс тријат раце поради рекордните профити, крајните корисници, особено помалите бизниси кои се потпираат на овој енергенс размислуваат на поскапување на производите за да можат да ги спасат своите бисниси.