Уште една успешна филмска приказна се испиша под отворено небо во рамките на фестивалот Струмица Опен 2023.
Филмските ентузијасти од Струмица уживаа во проекциите на македонските филмови „Синиот час“ и „Нешто слатко“.
„Синиот час“ е приказна за Петра, девојка со потекло од мало провинциско гратче, која живее и работи во Скопје, каде што успеала да се избори за своето место, да се интегрира во урбаната средина и да се реализира на професионален план. Филмот го отсликува судирот помеѓу два концепта на живеење, модерните текови на животот во Скопје и конзервативните убедувања на луѓето доселени од внатрешноста на земјата во транзициските 90-ти години од минатиот век.
„Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија. Филм полн со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуруто од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.