• Mon. Nov 25th, 2024

Исланд доби нов премиер

By

Apr 7, 2016 #Свет

Владејачката десноцентристичка коалиција на Исланд одлучи да го номинира министерот за риболов и земјоделство Сигурдур Инги Јохансон за нов премиер, изјави претставник на исландската конзервативна Прогресивна партија.

Поранешниот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон поднесе оставка, откако аферата „Панамски документи“ покажаа дека вложувал средства во офшор компании, по што илјадници гневни негови сограѓани излегоа на протести на улиците.

Во исто време, претседателката на Пиратската партија, Бригита Јонсдотир, соопшти дека опозицијата постигнала договор со владејачката коалиција да се одржат предвремени избори на есен.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *