• Sat. Nov 23rd, 2024

Искористен фондот за субвенции на велосипеди во Струмица

Општина Струмица информира дека за само два дена се исцрпил предвидениот фонд за субвенционирање на купување на велосипеди. Од општината наведуваат дека фондот за субвенционирање за купување нов велосипед во износ од 800 илјади денари е целосно искористен. Комисијата ги разгледала пристигнатите апликации и прифатени се вкупно 229, од кои последна прифатена е апликацијата доставена денеска точно во 10:30 часот. Девет барања се одбиени заради нецелосна документација или  неисполнување на критериумите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *