Еколошка акција за чистење на Дојран спроведе актерката Ирена Ристиќ и нејзината параѓубреџиска формација „Не биди ѓубре“.
Акцијата ја поддржаа и општина Дојран и градоначалникот Анго ангов, кои учествуваа во акцијата за почист и поубав Дојран.
Се чистеше крајбрежјето, паркот, плажите. Акцијата траеше неколку часа и се собраа огромни количини отпад.
Вклучените во акцијата испратија порака до локалното население и до туристите да бидат одговорни и внимателни кон бисерот на југоистокот од земјата.