Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, организираше лотарија со голема награда од еден милион долари, која ја ставил во контејнер под шифрирана брава.
Меѓутоа, откако добитникот не се појавил, тој решил да ја подели наградата со сите кои учествувале во лотаријата фрлајќи милион долари од хеликоптер.
Во наградната игра учествувале 100.000 натпреварувачи, кои во шест часот наутро добиле мејл со потребните информации за локацијата каде ќе се фрлат парите од хеликоптерот.
За задачата да биде уште потешка, натпреварувачите морале прво да го дешифрираат испратениот код, за подоцна на закажаната локација да се појават 4.000 луѓе.
Луѓето кои се појавиле на теренот почнале избезумено да ги грабаат парите, а некои донеле и чадори, за полесно да грабнат што повеќе пари.
Influenser bacio milion evra iz helikoptera, ljudi se otimali pic.twitter.com/0QyVMEzQdQ
— Arsil (@arsagarson) October 24, 2023