На утринскиот состанокт на Комисијата за заразни болести било констатирано дека во најголем дел од инфективните одделенија низ Македонија веќе нама место за хоспитализирање на нови пациенти заразени со коронавирус.
„Веќе се сместуваат пациенти во модуларната болница која се наоѓа до Инфективната клиника во Скопје, но за брзо и таа ќе се наполни. Правиме план за обезведување на дополнителни капацитети„, изјави Министерто за здравство, Венко Филипче.
- Во Козле 40 кревети, има кадар кој е појачан со колеги од Инфективна
- 2 одделенија во ГОБ „8-ми септември“, до крајот на денот и план со кој не ви се загрозиле останатите одделенија и пациенти во болницата.Пациенти од Куманово се праќаат во Скопје. Во Струмица до крајот на неделава ќе биде отворен нов крак, каде што веќе има инсталирано довод на кислород по централен пат. Таму ќе се отвори место за нови 100 лица. Во Битола се прилагодува интерното одделение, бидејќи останатите капацитети се исполнети. Во Охрид исто така се менаџира со интерното одделение. Во Гостивар забележан е поголем испис на пациенти и моментално одделението е полупразно. Во Тетово има 100 слободни кревети.Се врши и мобилизација на лекарите со цел помош на одделенијата каде што има најголема потреба.
извор:http://mk.tv21.tv