• Thu. Nov 21st, 2024

Интересни факти за мравките

Често се сметаат на натрапници затоа што влегуваат по нашите домови во потрага по храна, која случајно сме ја оставиле зад себе, правејќи патека од масата до пукнатината во ѕидот.

Мравките можеме да ги најдеме на сите континенти освен на Антарктикот. Само во Средна Европа живеат околу 160 видови на мравки, додека најголемиот дел живее во тропските и суптропските подрачја.

Мравките се блиски роднини на осите, а досега се евидентирани 12.445 видови мравки. Но,сигурно постојат уште многу повеќе видови кои им се непознати на ентолозите, така да се проценува дека вкупниот број на видови е околу 15.000.

Мравките се населиле на Земјата уште пред 62 милиони години. Тоа го докажуваат најстарите наоди за една мрвка сочувана во јантар (фосилизирана смола). Според фосилните наоди кои докажуваат постоење на различни родови на мравки, тоа значи дека семејството поминало низ одреден период на еволуција. Се претпоставува дека првите мравки се појавиле некаде пред околу 130 милиони години.

Интересни факти за мравките

  1. Мравките имаат шест нозе, а секоја со по три точки на спојување. Во однос на нивното тело, нозете им се многу силни, па затоа можат да трчаат доста брзо. Кога човекот со неговата големина би можел да ги движи нозете со иста брзина како мравките, би трчал брзо колку и тркачки коњ.

  2. Освен што трчаат брзо, мравките можат да подигнат товар и до 20 пати повеќе од сопствената тежина.

  3. Мозокот на мравките има околу 250.000 мозочни клетки. Човечкиот мозок има околу 10.000 милиони. Една колонија од околу 40.000 мравки има еднаква големина мозок како човекот.

  4. Просечниот живот на мравката трае од 45 до 60 дена. Животот на мравките се состои од 4 фази: јајце, ларва, кукла и возрасна мравка.

  5. Мравките ги користат своите антени не само заради осетот за допир туку со нив и мирисаат.

  6. Мравките имаат вилица со која сецкаат како со ножници. Но, возрасните мравки не можат да џвакаат и голтат тврда храна, па затоа се хранат со сокови од билките.

  7. Секоја колонија на мравки има барем една или повеќе кралици. Тие полагаат јајца за кои се грижат мравките работници кои се стерилни. Тие исто така се задолжени за пронаоѓање на храна и за одбрана на гнездото.

  8. Мравките се многу чисти животни. Некои од работниците се задолжени да исфрлање на сметот од мравјалникот кој потоа го ставаат на посебни депонии.

  9. Секоја колонија на мравки има свој мирис. Затоа, натрапниците многу лесно можат да се откријат.

  10. Мравките имаат два желудника. Во едниот оди храната за себе, а во другиот храната која ќе ја подели со останатите мравки

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *