Интервју на д-р. Ана Славец за metinalista.si
Доктор Томе Ефтимов доаѓа од Македонија, каде дипломира и магистира компјутерски науки. Од октомври 2014 година е истражувач на проктот ISO – FOOD, на одделот за компјутерски системи на Институтот Јожеф Стефан, а лани докторира на Меѓународната постдипломска школа Јожеф Стефан во Љубљана, Словенија. Одбранил докторат на тема „Статистичка анализа на податоци и обработка на природните (човечки) јазици во науката за храна:“
Како до докторат во Словенија?
-Кога ја завршив магистратурата почнав да размислувам за докторски студии во странство (надвор од Македонија), затоа што мислам дека ако некој сака да расте како истражувач, тој мора да промени повеќе средини, за да знае која најмногу му одговара.
Не ги разбирам луѓето кои што се имаат затворено на едно место и се плашат да излезат надвор од нивната комфорна зона. Преместувањето (преселувањето) може да донесе само добри работи и да го стекнете потребното искуство.
Затоа почнав да аплицирам на најразлични докторски програми вклучувајќи ја и онаа на Институтот Јожеф Стефан (ИЈС), каде што бев избран, и се разбира, се преселив. На почетокот се преиспитував дали сум ја донел вистинската одлука, но сега сум 100% сигурен дека е така. Ако не ја прифатев понудената можност на ИЈС, мислам дека тоа ќе беше најголемата грешка во мојот живот. Исто така во одлуката ми помогна и фактот дека не сум предалеку од дома.
2. Врз основа на вашата номинација за Ментор 2018, Младинската акдемија ја избра доктор Барбара Корушиќ Селјак. Зошто ја предложивте за оваа награда?
-Доктор Барабра Корушиќ Селјак ја заслужи оваа титула, затоа што таа ми помогна да ги остварам своите истражувачки цели. Постојано ме поддржуваше и беше подготвена да разговара за идеи, решенија и упатства за идната работа. Најзначајно од се’ е што таа никогаш не се спротивставуваше да соработувам и со други истражувачки групи и професори – туку напротив, ме поттикнуваше да го правам тоа. Сега, кога размислувам за нашите разговори, имам чувство дека сум разговарал со својот најдобар пријател. Почитувањето кое што го имаме еден кон друг доведе до успех во нашата работа. Затоа немав чувство дека зборувам со својот ментор. За време на моето образование, имав прилика да соработувам со многу професори, но никогаш не сретнав личност како неа. Кога по преселувањето во ново место, со друга култура, во средина каде што не знаете никого ќе пронајдете личност што ве прифаќа како свое дете (и покрај многубројните лични обврски) е најубавото нешто што може да му се случи некому. Мило ми е што ја имав таа среќа.
Да се биде човек е поважно од тоа да се биде високо ценет истражувач. Тоа е разликата во тоа да се биде водач, и да се биде ментор и пример кој треба да се следи.
3. Сега сте на постдокторски студии во САД. Како ја споредувате ситуацијата со истражувањето во САД и кај нас?
-Не знам дали постои воопшто разлика. Мислам дека ако ја сакаш науката, разлика не постои. Проблемот е во тоа што на многу луѓе им е важно да го добијат докторатот и да останат во некоја истражувачка институција каде што би имале сигурна работа (плата). Можеби разликата е токму во тоа што се’ е поинаку организирано. Исто така научив дека во некои области трудовите на конференциите се поважни од тие што излегуваат во списанијата.
4. Која е вашата област на истражување и зошто е интересно?
-Јас всушност работам во две области. Уживам во спроведувањето на теоретските и емпириски студии кои вклучуваат применета математика и статистика. Иако имам завршено компјутерски науки на сите три нивоа на образование, многумина мислат дека сум чист математичар.
Другата област во која работам е природниот (човечки) јазик и машинското учење, каде што сакам да развијам компјутерски модели кои исто така ќе придонесат за општествено добро. Низ соработката со Барбара, сфатив дека комбинацијата на вештачка интелигенција и науката за исхраната се навистина интересна област за истражување. 2019 е година во која ќе има големи бази на податоци за исхраната и ние сме една од првите групи кои се обидуваат да го решат тоа прашање.
5. Како вашата истражувачка работа придонесува за стекнување повеќе знаења во некоја област?
-Во мојата работа се фокусирам на развој на методологиите кои се синергија на статистиката, обработка на природниот јазик и машинското учење и можат да се користат за истражување на боласт која може да биде општа. Тие можат да се користат за анализирање на податоци кои вклучуваат податоци од различни области, како што се исхрана, здравствена заштита и сл. Со преселувањето на Стенфорд јас се фокусирам на истражувањето на пресметковните методи, кои можат да се искористат за истражувања на односите меѓу здравјето на луѓето, системите на исхрана и средините.
6. Кој дел од работата е најдобар а кој најнепријатен?
-Најдоброто нешто во истражувањето е слободата што ја имате во истражувачката заедница, а со тоа и слободата да ја искажете својата интелектуална креативност. Секогаш постои можност за поврзување, на различни конференции низ светот, запознавање нови луѓе (некои од нив стануваат ваши пријатели) и се среќавате со различни култури.
Од друга страна, постојат ситуации во кои роковите ве брзаат, што навистина не се пожелни. Особено ако не зависи само од вас, туку од целиот тим.
7. Можете ли да споделите со нас некои возбудливи детали поврзани со ваше истражување?
-Важно е да се знае како може да се споредат резултатите од истражувањата, бидејќи на известувањето во фрома на пресеци и стандардни отстапувања можат да влијаат индивидуалните големи отстапувања кај податоците. Затоа предложивме длабок пристап за статистичка споредба, за која главниот придонес на квалификационата шема се базира на третирање на целата дистрибуција на податоци наместо ограничување на една дескриптивна слика (просечна или средна) за опишување на податоците.
Видете ја таблата во мојата соба на Институтот Јожев Стефан. Секогаш е така, нема простор за пишување. Ја искористив оваа слика како последен слајд во одбраната на докторатот.
8. Што би правеле за 5, а што за 40 години?
-Тешко е да се одговори на ова прашање. најважно е здравјето, се’ друго ќе си дојде онака како што треба. За пет години би сакал да имам сопствена лабораторија со ученици. Имам и друга желба за која се надевам дека ќе ми се оствари. Никогаш не помислував дека ќе одам на докторски студии или дека ќе бидам дел од Стенфорд, но ете тоа се случи. Јас секогаш велам да верувате во себе и во своите соништа. Еден ден тие ќе се остварат.
9. Препорака за книга/игра/филм/веб-страница/подкаст
-Речиси не гледам филмови, но ако морам да одберам, ќе го предложам неодамна емитуваниот „Најголемиот шоумен“. Има навистина убава порака, дека тоа што е најважно во животот, се всушност семејството и пријателите. Ја сакам музиката и текстот од песната во овој филм. Не можам да го замислам животот без музика. Музиката е дел од мојата дневна рутина.
Во последните години прочитав многу книги, особено додека чекав летови на аеродромите. За читање ја предлагам „рашањето на теоремаta“ од Седрик Вилани. Ја добив за подарок од многу драга личност.
10. Кого би поканил на вечера, без разлика дали е познат или не, доколку нема ограничувања?
-Ако нема ограничувања, и ако можам да се вратам назад, ќе го поканам еден од моите најголеми поддржувачи, мојот дедо. Од непознатите. Од непознатите немам некоја посебна желба, можеби Ренато Вугринец, кој ми е омилен ракометар.