• Sat. Nov 23rd, 2024

Инспиративни идеи за создавање релаксирачка јапонска градина

Јапонскиот декор е препознатлив, не само по својата богата историја и традиција, туку и по својот зачудувачки минимализам. Јапонските градини имаат неверојатна моќ да ја истакнат убавината на едноставните работи. Покрај тоа, многу талентирани јапонски дизајнери на фасцинантен начин успеваат да го измешаат модерниот ентериер со природата што го опкружува.

Традиционалните јапонски градини и дворови, измешани со минималистичката околина, изгледаат неверојатно хармонично и релаксирачки. Езерцето и тревникот со фонтана изгледаат како убава релаксирачка оаза во која ќе ви претставува задоволство да престојувате. Интересно е да видите како дел од природата хармонично се вклупова со модерниот дизајн.

Јапонската градина е тивок простор без непотребни елементи во кои сè е совршено избалансирано. Започнете со мов, кој е основата и кој можете да го комбинирате со трева или со зеленило што ви се допаѓа. Сепак, имајте на ум дека не треба да садите премногу. Вашиот избор може да биде едно дрво или неколку помали и поголеми дрвја типични за јапонските градини. Освен тоа, ако сакате посмирен изглед на просторот, можете да ги прескокнете дрвјата и да изберете само грмушки. Цветовите не се многу популарни во јапонската градина, освен цветните грмушки.

Јапонска градина е незамислива без карпи и чакал. При уредувањето на јапонската градина, големите карпи даваат облик, а чакалот го дава последниот допир. Со поголемите камења и карпи можете да направите патека во градината, а чакалот можете да го искористите за украсување на просторот.

извор: кафе пауза

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *