• Mon. Nov 25th, 2024

Инспекторатот за животна средина од о.Струмица синоќа вршеше контрола за јачината на звукот на џамијата во турското маало

Синока од 20 до 21 часот полициски службеници од СВР Струмица постапувале по претходно побарана асистенција од страна на Инспекторатот за животна средина при Општина Струмица, кој што бил ангажиран во активности по однос на проверка и контрола на бучавост на верскиот објект.По извршената контрола соноќа на социјалните мрежи се појавија и видео снимки на кој сегледа дека има изреволтирани жители.

За ваквата реакција денес сведочеа и жителите не само од Братство туку и од Бетовенова.Велат дека инспекторатот си ја завршил неговата , но некој лажно ги вознемирил граѓаните па затоа настанала и расправија.

Од МВР денес со соопштение не информираа дека иако имало гужва на Бетовенова и околу настанот нема евидентирани нарушувања на ЈРМ и други прекршоци.Во меѓувреме се чекаат резултатите по увидот на инспекторатот за животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *