• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео – Измени за упис во гимназија во Јане Сандански – место во трета, одлука каква гимназија уште во прва година

Завршните основци при упис за гимназиско образование треба на стартот да се изјаснат на каква гимназија ќе сакаат да се школуваат. Полуматурнатите при уписот треба да се одлучат за кое подрачје аплицираат. Дали станува збор за природноматематичкото, општествено-хуманистичкото или пак за јазично-уметничкото подрачје. Ова е новина што ја соопшти директорката на СОУ ,, Димитар Влахов,, Вања Изова Велева која подвлече дека сепак ова не е огромна пречка и хендикеп  за идните средношколци. Тиеи при уписот ќе наведат прво и второ подрачје а може и да се преместат веќе од следната година ако не се ,,најдат,, во веќе избраното подрачје.

Според Изова Велева, сите средношколци што ќе завршат Гимназија имат право да се запишат на сите факултети во земјава и странство и нема ограничувања. Во гимназија ќе има седум паралелки од по 34 ученика

Паралелно и ова година ќе има упис за економски и банкарски техничар во три односно една паралелка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *