Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во барот „Нагоре“ ја реализира изложбата на цртежи „Не е комплицирано“ на Кирчо Арсовски од Куманово. Изложбата е отворена на 20 јануари и ќе биде поставена еден месец.
Станува збор за втора изложба од проектот „Ѕид на уметноста“, со кој струмичани имаат можност да се запознаат со уште еден од уметниците во Македонија кои создаваат авангардна и неконвенционална уметност. Изложбата е продажна, а на неа се претставени 30 дела.