• Fri. Nov 22nd, 2024

Изложба на фотографии и промоција на книгата „Монос“ на струмичанецот Александар Дончев

Во галеријата на Завод и музеј во Струмица отворена е изложбата на фотографии на струмичанецот Александар Дончев и промовирана неговата книга „Монос“  со фотографии направени на Света Гора и пределот околу него во периодот од ноември 2010 до септември 2016 година.

-Света Гора е свет во свет, паралелен универзум кој е многу блиску до нас, но за жал не знаеме речиси ништо. Таа е своевиден феномен, парадокс и според светскат алогика по која ние сите живееме, тоа место не би требало воопшто да постои, но тоа е таму и свети од памтивек…1.200 години е трезор на културното и духовното наследство и светилник во темнината низ вековите, рече авторот Дончев.

Книгата „Монос“ е составена од четири поглавја: Брод, Манастир, Скит и Пештера и содржи вкупно 78 фотографии поврзани во по една сторија.

На изложбата, поставени се триесет фотографии работени во црно-бела техника.

Директорката на Завод и музеј, Василка Горгиева, истакна дека гледајќи ја книгата на Дончев, како и самите да сме дел од едно патување, и не втурнува во свет во кој се е поништено и неважно, освен силата и верата љубовта во Бога.

Александар Дончев е роден 1975 година во Струмица, дипломирал на Националната академија за театарска и филмска уметност на отсекот за Уметност и современа фотографија во Софија Бугарија.

Оваа му е десетта самостојна изложба, а учествувал уште на осум групни поставки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *