Во сабота, 21 октомври 2023 година, со почеток во 21:00 часот, како дел од #ЅидНаУметноста, здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со бар Нагоре ќе биде отворена изложбата на плакати кои беа се дел од конкурсот за плакати 100 Илјади поети за промена за 2023 година.
Ќе бидат претставени 12 дизајни од исто толку автори, а по изложбата ќе следува dj сет на локалниот техно диџеј во подем NULL!