Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ денеска во Домот на АРМ ја организираше изложбата на дела на ликовното студио што работи во склоп на Центарот за култура „Јане Сандански“ од Ново Село.
Во изложбата поставени се дваесет и осум дела на млади, креативни автори кои велат дека петгодишната работа во ликовното студио им било од голема корист.
Од Центарот за деца и млади кои ја преземаат изложбата, велат дека целта им е запознавање на ученици од различни школи, размена на искуства и соработка.
Од Домот за деца и млади велат дек аво насока на развојот на ликовната дејност и култура, заедно со основните училишта од оптината организраат повеќе тематски изложби.