На 22.11.2023 година, со почеток во 12:00 часот во Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во изложбениот салон „Галерија 22“, беше отворена изложбата на дела од 60-та Меѓународна струмичка ликовна колонија 2023.
Како најстара колонија во континуитет во Македонија, во овие шест децении, низ колонијата поминале околу 1.600 ликовни творци од сите светски меридијани, кои оставиле бесценета уметничка оставнина од околу 2800 дела, импозантна бројка која претставува огромно богатство, не само за Струмица, туку и за целата наша татковина, па и за целиот Балкан.
Оваа година на јубилејното издание учествуваа дваесеттината уметници од Украина, Романија, Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија.
Влезот е слободен.
Извор: Република.мк