• Fri. Nov 22nd, 2024

Изложбата „Статусни симболи кај пајонските заедници“ од Гевгелија во Археолошки музеј

ByВане Трајков

Dec 13, 2019

Во Археолошкиот музеј се отвори изложбата “Статусни симболи кај пајонските заедници” која е соработка помеѓу Археолошкиот музеј и Музеј Гевгелија. На отворањето говореа директорот на Археолошкиот музеј, м-р Горан Санев, директорот на Музеј Гевгелија, г. Бобан Хусеновски и авторот на изложбата, кустос советникот, д-р Александра Папазовска.
Оваа изложба претставува една перспектива на приказ на пет богати женски погребувања од некрополите Лисичин Дол (гробовите 334,357,359) и Милци (гробовите 111, 125) кои по своите специфични карактеристики се издвојуваат од останатите погребувања во населбата, каде во изворна состојба, добро сочувани, среќаваме нови типови на религиозни комплети од групата на т.н. „Македоски-пајонски бронзи“.
Самата појава на предмети од типот на „македонски-пајонски“ бронзи ги издвојува по својот статус кој го имале во заедницата. Најпрво, бројноста на накитот и гробните прилози ја изразуваат нивната економска моќ, но најважниот елемент го имаат прилозите кои сами по себе имаат карактер кој може да се поврзе со култ кон сонцето или пак, со некакви активности поврзани со самиот култ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *