• Sun. Nov 24th, 2024

Излезе од печат книгата „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева во издание на Просветно Дело


Ова е четврта книга на Мицева, во која има 72 песни од двата ракописа „Молитвеник од претходниот живот“ и „Животот отаде границите“ кои минатата година беа во најтесниот избор на наградите Јован Котески и Ацо Караманов.
„Ова се песни за бегството (букално и метафорично). Создавани се во периодот кога активно ја селде бегалско – мигрантската криза, некои се буквално пишувани на шините додека покрај мене минуваа реки луѓе. Тие слики од мене извадија нови приказни за човековата потреба да избега од сѐ кога може, и неговата нужност да избега од сѐ кога мора. Затоа сум особено благодарна што има можност да се објават заедно, како што се напишани“.
Заедно со песните има и сосема кус, петминутен поетски филм за бегалската сага, што го изработи Кире Пиличев, со кого патем и ја следвме кризата во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *