• Fri. Nov 22nd, 2024

Изграден бунарот и помпната станица за вода за пиење во Дрвош

ByВане Трајков

Dec 15, 2021

Заврши реализацијата на првата фаза од проектот за обезбедување питка вода за пиење на жителите од населеното место Дрвош општина Босилово кои летово реагираа преку апликацијата Граѓански новинар за немање вода за пиење во ова место. Како што соопшти градоначалникот на Босилово Ристо Манчев деновиве заврши изградбата на бунарот и помпната станицата која треба да црпи вода и се транспортира до резервоарот за населеното место Дрвош. Како што  потенцираше градоначалникот Манчев направена е бушотина со издашност од 2,5 литри во секунда иако се очекувале 2 витра повеке. Сепак проекциите говореле дека и со овој капацитет ќе има доволни количини вода за пиење во Дрвош

Градоначалникот Манчев најави дека во наредниот педиор ќе се работи на обезбедување финансиски средства за реализација на целиот проект. Сега ќе се бараат средствата за изградба на цевковод во должина од околу 4 километри до резервоарот над селото од каде треба да се снабдува цело село

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *