На 28.02.2023 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Х.Д.(66) од село Конче, радовишко, во кој изгореле дел од кровната конструкција на куќата, неколку простории и дел од покуќнината. Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.