На 26.12.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.К.(43) од село Калугерица, радовишко, при што биле опожарени деловен објект и помошна просторија во приземниот дел од куќата, а повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.