На 29.1.2024 во 04.17 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 03:30 часот настанал пожар во помошна просторија, од кој бил зафатен и деловен објект во дворно место на Б.В. на ул „1 Мај” во Радовиш.
Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.