Изгаснат е пожарот кој денеска напладне избувна кај браната „Водоча“.
Како што информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гаснењето на пожарот, кој зафатил сува трева, учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило.
-Пожарот е изгаснат по нашата интервенција, а беше зафатен помал простор. Бидејќи беше на отворено постоеше опасност да се прошири, изјави Гудев.
Избувнувањето на пожарот било пријавено на бројот 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).