• Fri. Nov 22nd, 2024

Извршена уште една трансплантација: Утрово срцето на 44-годишна пациентка почна повторно да чука

Извршена уште една трансплантација: Утрово срцето на 44-годишна пациентка почна повторно да чука

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово објави вест дека е извршена уште една успешна трансплантација на срце, донирано од 44-годишна пациентка.

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот“, напиша Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *