Вчера, во вечерните часови, службите наJПКД „Комуналец“- Гевгелија извршија дезинфекција на јавните површини во централното подрачје на општина Гевгелија, согласно препораките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и донесените мерки за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. о средство за дезинфекција, се изврши миење на шеталиштето на Градскиот плоштад, просторот околу Библиотеката, плочникот на Старата чаршија и паркинг-просторот кај „Стопанска“ банка и јавните површини околу Општината и Судот. Општина Гевгелија апелира до граѓаните на општина Гевгелија доследно да ги почитуваат мерките за претпазливост, односно редовно носење заштитна опрема и редовна дезинфекција на рацете.