Со претставување на бенефитите од консумирање на пчелните производи во центарот на градот денеска членови од ЗП „Радовишка пчела“ заедно со радовишани го одбележаа Светскиот ден на пчелата.
Секоја година на 20 мај, се одбележува светскиот ден на пчелите, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.
Пчелите и другите запрашувачи (поленатори) сѐ повеќе се загрозени од активностите на човекот.