Синоќа пред полноќ, по два дена собраниска расправа , беше избрана новата влада предводена од Зоран Заев.
Со 62 гласа „за, 5 воздржани и 44 „против“ во Собранието беше изгласана новата влада, предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, пет и пол месеци по предвремените парламентарни избори на 11 декември, констатираше претседателот на Собранието Талат Џафери.
За денеска 1 јуни се закажани примопредавањата на министерските функции.
Во следниве 4 години преку реализацијата на својата изборна програма владата ќе се обиде да ја оправада довербата на граѓаните.
Новата влада на премиерот Зоран Заев ја сочинуваат:
Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања (бизнисмен)
Хазби Лика, вицепремиер за спроведување на рамковен договор (ДУИ)
Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции (ДУИ)
Радмила Шеќеринска, министер за одбрана (СДСМ)
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи (СДСМ)
Драган Тевдовски, министер за финансии (СДСМ)
Никола Димитров, министер за надворешни работи (независен)
Рената Десковска, министер за образование и наука (СДСМ)
Горан Сугарески, министер за транспорт и врски (СДСМ)
Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (СДСМ)
Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (СДСМ)
Мила Царовска, министер за труд и социјална политика (СДСМ)
Роберт Алаѓозовски, министер за култура (СДСМ)
Крешник Бектеши, министер за економија (ДУИ)
Булент Салиху, министер за правда (ДУИ)
Садула Дураку, министер за екологија (ДУИ)
Арбен Таравари, министер за здравство (ДР-ДПА)
Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа (НДП)
Министри без ресор:
Рамиз Мерко (ДУИ)
Едмонд Адеми (СДСМ)
Роберт Поповски (СДСМ)
Зоран Шапуриќ (ЛДП)
Зорица Апостоловска (НСДП)
Аднан Ќахил (ТХП)
Самка Ибраимовски (ПЦЕР)