Лидерот на СДСМ, поранешниот градоначалник на Струмица- Зоран Заев го доби мандатот за состав на нова Влада од Претседателот на Р.М. Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов кажа дека пречките за доделување на мандатот за состав на Влада се отстранети и му го дадели мандатот на Зоран Заев кој во наредниов период од 20 дена треба да состави новиот владин кабинет
„Пречките за доделување на мандатот се отстранети. Коалицијата на СДСМ која има мнозинство го предложи Зоран Заев за мандатар“, изјави Иванов и му го врачи мандатот на Заев.
Лидерот на СДСМ Заев рече дека испорачал изјава во форма во гаранција, со која, меѓу другото, гарантираат заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија. Заев подвлече дека се гарантира мултиетничноста но и владеење на правото.
,,Ниту еден документ платформа акт не може да биде услов за дејствување на Владата на Р.М ,, рече Заев пред да го добие мандатот