Деветгодишниот Maкедон Димитровски од Тетово, освои златен медал на светскиот натпревар по математика „Математика без граници“.
„Златно дете со златен медал“, напиша неговиот татко на Фејсбук, Владимир Димитрoвски.
Организаторите ги објавија резултатите. Во есенскиот дел учествувале повеќе од 23.000 ученици од 29 држави – Австралија, Азербејџан, Албанија, Арменија, Бугарија, Виетнам, Естонија, Индонезија, Казахстан, Канада, Киргистан, Македонија, Малезија, Малта, Мјанмар, Нигерија, Романија, САД, Словенија, Сингапур, Србия, Тајван, Туркменистан, Турција, Украина, Узбекистан, Филипини, Хонг Конг и Црна Гора.
Македон има освоено повеќе сребрени и златни медали, тој вели дека напорно работи за да ја промовира Македонија во светот и дека еден ден сака да стане претседател.