• Sat. Nov 23rd, 2024

ЗИМБАКОВА ГИ ИЗЛОЖИ СВОИТЕ ДЕЛА НА ВРВОТ СЕЧЕНА СКАЛА НА БЕЛАСИЦА



Кристина Зимбакова од Струмица ги изложи своите уметнички дела на планинскиот врв на Беласица- Сечена скала, висок 1.740 метри. Станува збор за 30 тина дела изработени од лишаи и габи што авторката ги има собирано како од Беласица така и од целито свет бидејки смета дека треба да се спои уметноста и убавините на планините.

Околу 50 тина влубеници на уметноста и природата беа на врвот ,,Сечена скала” кои ги видоа новите дела на Зимбакова која е планинарка и се одлучи излобжата да и биде на неконвенционален простор до кој посетителтие мораа со часови да патуваат до врвот

Кристина Зимбакова во своето творештво негува интердисциплинарен пристап спојувајки го сликарството, поезијата и природните науки, а габите и лишаите се најзастапен медиум.

Досега имала самостојни изложби во земјава како и во Ирска, а учествувала на бројни групни изложби во странство, од кои се истакнуваат оние во Оксфордскиот театар во Англија и Музејот за уметност „Ешкенази” во САД.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *