• Fri. Nov 22nd, 2024

Зибери разрешен поради објавата дека границите се отворени за иселениците да гласаат

 

Министерството за здравство информира дека денеска од функцијата е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.

Министерот Венко Филипче вчера најави можна смена на директорот Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести дал придонес за отворање на границите, со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер, пренесе Макфакс.

Како што појаснуваат од ресорното министерство, со ова Зибери пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

За нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје е назначен д-р Александар Стојанов, епидемиолог од оваа институција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *