Вечерва во Македонија се почувствува серија верижни земјотреси. Околу 22.43 часот почна да тресе и за една минута чувството беше дека се случија уште најмалку уште два земјотреса. Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,8 степени бил во Грција, на 5 км североисточно од Лерин. Земјотресот се почувствува и во Битола и други делови во Македонија.