По одлуката на министерството за земјоделство да ја субвенционира зелената нафта веќе на маса е ставен предлог одлуката како и на кој начин ќе се распределуваат финансиските средства кои ќе значат помагање на земјоделците.Па така еден од предлозите е наместо пари земјоделците за гориво да добиваат електронски бонови.
Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на вчерашната седница го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој,со кој се предлага субвенционирање на 50 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација и го даде на натамошно читање.Земјоделците во неколку наврати сугерираа дека субвенциите за нафтата се од големо значење за нив.
СО новиот предлог закон кој го дополнува законот за субвенционирање , се предлага на земјоделците и на земјоделските стопанства да им се субвенционира 50 отсто од средствата за набавка на гориво, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство. За набавка на гориво ќе се доделуваат платежни картички со одреден износ. За таа намена во Буџетот на Република Македонија се предвидени 310 милиони денари.