Бербата на пролетната зелка во Струмичко привршува. Земјоделците ги прибираат последните количини кои ги предаваат за десетина денари по килограм.
Митко Анастасов од Робово вели дека пласманот на зелката годинава бил катастраофален и не најавува успешна сезона за земјоделците кои се соочија со високи цени на земјоделските репроматријали, а ниски откупни цени. Тој не знае дали да инвестира во нова реколта.
Разочарараност има и кај Ице Терзиев. Тој ги спремаше површините со зелка да ги наводнува со мотори кои работат на горива. Има околу 2 хектари засадено со зеленчук. Вели дека ништо не останува за семејството и покрај големиот труд и големите трошоци, а треба да сади црвена пиперка.
Земјоделците од Струмичко за лошиот пласман и ниските откупни цени реагираа и со протест во Струмица. Тогаш се формираа работна група која ќе го следи откупат. Се разговараше земјоделците да добијат по пет денари за килограм предадена зелка од интервентиот фонд од што засега нема ништо.