• Fri. Nov 22nd, 2024

Земјоделците од струмичко Банско бараат да им се реши проблемот со водата за загревање и наводнување

Над 50 тина хектари пластеници со зеленчук ќе останат без вода, откако ЕВН не им ги продолжува договорите на земјоделците да користат струја за испумпување вода од бушотините геотермална води, кои со години ги користат. Компанијата им бара дозвола од Министерството за екологија за таа намена, која во моментов раноградинарите од Банско ја немаат.

Од Министерството за животна средина соопштија дека за реонот со геотермалната вода во Банско, државата веќе има издадено концесија на фирма, со која земјоделците треба да се договорат.

„Индивидуалните земјоделци не можат да го остварат водното право, бидејќи за тоа подрачје веќе е доделена концесија, но за потребите на оранжериите можат да обезбедат водно право преку концесионерот. Геотермалните води не може неконтролирано да се користат“, стои во одговорот од Министерството за животна средина.