Земјоделците од струмичко и денес на протест.Го блокираа магистралниот пат Струмица -Скопје. Блокираа еден час сакајќи да го искажат револтот што на вчерашното доаѓање на заменик министерот Костадиновски не биле повикани на средбата.Земјоделците кои еден час не пропуштаа возила , бараат цената на зелката да се покачи но и да се регулира увозот на раноградински производи од соседна Грција, како и увозот од Албанија кои дополнително придонесуваат цените во земјава да имаат пониска вредност.
И денес земјодеците од микро регионот истакнаа дека протестоте не се испровоцирани политички.Тие биле овде единствено да ги бараат правата на земјоделскиот труд.
Денес земјоделците истакнаа , доколку не се остварат нивните барања ќе ги радоикализираат протестите со затварање на граничните премини.