Струмичките земјоделци денес излегуваат на протест по струмичките улици за да го изразат своето незадоволство од состојбите со поддршкат ана градинарите но и слабиот откуп проследен со ниски откупни цени. Вака најавија од здружението Веге фреш од Куклиш кои утре на пладне од училиштето Никола Карев ќе се упатат кон центарот на струмица. Како што кажа Драги Памуков целта на овој протест е да се слушне гласот на земјоделецот односно на градинарите кои се соочуваат со високи цени на репроматријалите а при продажбата на својто зеленчук со ниски откупни цени