• Sat. Nov 23rd, 2024

Земјоделците да внимаваат при прскање на овошните дрвца

Производителите на овошје  да внимаваат при прскање на своите дрвца. Во овој период кога се врши зимско прскање на истите, тие треба да внимаваат на количините на бакар и инсектициди. Земјоделците препорачуваат, голем број на инсектициди да не се мешаат со бакарни средства, за да не дојде до уништување на целото растение.

 

За да имаат квалитетно производство, земјоделците велат дека овоштарите пред секое прскање мора да знаат кои фунгициди се мешаат со определени инсектициди.

 

Најповолен период за зимско прскање на овошните дрвца е периодот до 15 март, велат земјоделците.