• Fri. Nov 22nd, 2024

Земени 30 бриса за тестирање од коронавирус во Гевгелија

На пунктот за земање брисеви за тестирање од Корона вирус кој се наоѓа во бараката на некогашното Одделение за кожни болести во Гевгелија се земени триесетина брисеви на пациенти со и без симптоми. Епидемиологот Сашко Олумчев потврди дека по идентификацијата на првиот случај на заразен со Ковид-19 во Гевгелија, веќе се земени брисеви за тестирање од најблиските со кои живее заразеното лице, како и од сите посочени со кои лицето остварило контакти и дека истите се пратени на доработка во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Скопје, од каде се очекуваат резултатите.

Пациентите за брис прво треба телефонски да се јават на матичен лекар и се примаат за тестирање само со закажување преку ,„Мој термин“, со упат од матичен лекар кој се добива согласно направена епидемиолошка анкета, истакна eпидемиологот од Центарот за јавно здравје- ПЕ- Гевгелија, Сашко Олумчев. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *