Здружението на граѓани „Скај плус“ се приклучи на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.
Скај плус стана членка заедно со уште пет други организации. Инаку Скај плус во Струмица отворија Шелтер центар за згрижување жртви на родово базирано и семејно насилство и функционира веќе една година.
Мрежата е формирана од страна на граѓански организации од Македонија кои работат на полето на превенција и справување со проблемот на насилство врз жените, вклучително и семејно насилство.Мисијата на мрежата е координирано делување на ГОи во насока на унапредување на политиките и практиките за справување со проблемот на насилство врз жените и семејно насилство. Мрежата се стреми кон препознавање на женските човекови права и нивна афирмација во земјата.