Денес во нашиов град, во организација на Здружението на граѓани „Двојна надеж“, се одржа промотивна работилница во рамките на проектот
„Кон побезбедна инклузивна заедница за децата преку почитување на правото на детето“, спонзориран од Институтот за европска политика, како дел од проектот „Заедничка акција за човекови права“.
Работилницата ја отвори градоначалникот Костадин Костадинов, кој во своето обраќање меѓу другото истакна: „Кога во прашање се правата на децата и воопшто човековите права, ние сме должни, секој од позицијата која ја има во заедницата и општеството, да го дадеме нашиот максимален влог за нивно почитување и унапредување, а сето тоа да го правиме во сооднос со националните, европските и светските права и конвенции. Токму затоа, вакви и слични проекти кои во центарот на своето внимание ги имаат децата, заслужуваат безрезервна поддршка“
Целта на овој проект е: Подигање на свеста и капацитетите на децата и на креаторите на јавни политики за поголема инклузивност и безбедност на децата во локалната заедница преку унапредување на почитувањето на правата на децата во склад со националните, европските и меѓународните обврски.