• Mon. Nov 25th, 2024

Здравствени работници во Скопје изразија незадоволство поради состојбите во здравството

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство.

– Ние како Независен синдикат, имаме неколку барања, за кревање на достоинството на вработените во здравствениот сектор. Доколку не се изнајде решение, ќе продолжиме со мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство и на втори декември ќе имаме протестен марш од пред нашето седиште до Владата, изјави доктор специјалист Јосиф Ѓорески од Гинеколошко – акушерската клиника.

Тој појасни дека повеќе работи им сметаат во сегашниот колективен договор. Ѓорески кажа дека имало луѓе кои работеле во здравство и по девет години со нерешен статус. Поради сево ова, како што нагласи, голем дел од медицинскиот персонал си заминува и недостасува кадар, на штета на пациентите.

By Ѓ. K.