• Sat. Nov 23rd, 2024

„Здрава котлина“ ги предаде потписите за иницијативата

Здружението „Здрава котлина“ ги предаде потписите за иницијативата „Спас за Струмица“ со која бараат референдуми во општините Босилово и Ново Село за рудникот Иловица. Граѓанските активисти се сретнаа со првите луѓе во општините и побараа итни седници на советите на кои ќе распишат референдум.

Градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев вели дека општината ќе соработува со граѓанските активисти и ќе овозможат жителите на нивната општина да се изјаснат за работата на рудникот Иловица-Штука.

Доколку се распише референдум во Босилово, тој ќе биде петти во југоистокот инициран од граѓанските здруженија за отворањето на рудници во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *