Згуснивање на каналската мрежа на хидросистемите што се наоѓаат под ингеренција на Струмичко поле е една од насоките кон која ќе се движат за зголемување на искористливоста на водите. Во писмени одговори за ТВ КанаЛ ВИС, од оваа комнаија велат дека проблем со кој се соочуваат кај системите за наводнување е големото растојание помеѓу делничните канали од деталната каналска мрежа.
-Растојанието помеѓу каналите за наводнување изнесува 600 метри така да голем дел од површините за наводнување се наоѓаат на 300 метри одалеченост од изливното место(хидрант). Поради немање на опрема за наводнување како и поради големата расцепканост на земјоделското земјиште голем дел од овие површини земјоделците не се во можност да ги наводнуваат иако истите површини се третираат како површини опфатени со систем за наводнување, велат оттаму.
Тенденција на Струмичко поле е згуснување на оваа каналска мрежа со изградба на уште по еден канал помеѓу секои два канала, со шТо растојанието ќе се намали на 300 метри, а од изливното место до површината за наводнување ќе изнесува 150 метри.
-На овој начин ќе ги стимулираме корисниците, водата до нивите да ја спроведуваат со цевки, а не по вади. Со оваа мерка двојна корист ќе имаме и ние како Водостопанство така и водокорисниците, бидејќи освен што ќе се намали загубата на вода, ќе се стимулираат земјоделците да наводнуваат површини кои досега не ги наводнувале поради оддалеченоста од хидрантите, велат од Струмичко поле.
Од Струмичко поле велат дека 90 проценти од вкупната должина за наводнување што изнесува нешто над 331 илјади километри е во функционална состојба. Два канали се прекинати поради исполнетост од нанос и два канали се прекинати поради што поминуваат низ населени места и од нив постои опасност од излевање, велат од Струмичко поле.
Неодамна, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, при посетата на Струмица истакна дека состојбата со системите за наводнување во Македонија не е на завидно ниво, а со Националната програма за земјоделство предвидено е во наредните 15тина години да се реши наводнувањето на 250 илајди хекатри земјиште.
Расцепканост на површините и необработување на истото претставува дополнителен проблем за ефикасно организирање и користење на системите за наводнување, пишува во Стратегијата.