На граничниот премин „Богородица“ утринава е забележан зголемен интензитет на возила кои чекаат за влез во Грција, информира АМСМ. Од таму додаваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.