• Thu. Nov 28th, 2024

Зголемени трошоцит ен аживот во јуни во однос на мај но и на годишно ниво

Статистика  измери нов рекорд  на инфлацијата од високи 14,5 проценти во јуни годинава во споредба со истот месец лани.

– Индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи зголемување од 14,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,7 проценти – пишува во соопштението на ДЗС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 102,8, а индексот на цените на мало изнесува 102,4.

Согласно податоците кои ги објавува ДЗС се забележува дека има раст ан цените кај основните продукти како маслото, лебот, млекото, месето и на месечно ниво. 

– Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10,4 отсто, лебот и житата за 7,8 проценти, млекото за 6,7, месото за 5,2, свежото и разладеното овошје за 2,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,7 отсто, виното за 2,1 процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1, рибата и морските плодови за 0,8 отсто, кафето, чајот, какаото за 0,5 и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,4 проценти – се наведува во соопштението на ДЗС.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17,2 отсто, течните горива за домаќинствата за 16,3 проценти, туристичките аранжмани за 6,4 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 6,2 проценти…..

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 3,3 отсто. Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,2 проценти. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *