Денеска, министерот Димковски заедно со заменикот регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганџи и претставници од владините институции, невладиниот сектор, научни институции и експерти, одржаа видеоконференција со која се означи почетокот на новиот проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството”.
Овој проект, во вредност од 280.000 долари, #МЗШВ ќе го спроведува со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации. Проектот претставува продолжување на првиот проект за намалување на ранливоста на земјоделството кон климатските промени, што беше спроведен со поддршка на ФАО и ги постави основите за нашата понатамошна работа во овој правец.
Во следниот период ќе биде многу важно да се усогласат националните политики во делот на климатски промени со Европската регулатива, како основа за утврдување конкретни мерки за адаптација и нивно интегрирање во програмите за финансиска поддршка на МЗШВ, ИПАРД фондовите и другите инструменти за финансиска поддршка на климатските мерки.