• Sat. Nov 23rd, 2024

За седум дена истекува Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони

ByВане Трајков

Feb 18, 2020

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потсетува дека, Јавниот повик за поднесување на барања за финансиска поддршка преку Програмата за капитални субвенции истекува за седум дена, заклучно со 25 овој месец.

Финансиската поддршка е наменета за Центрите за развој на Планските региони.

Средствата коишто ги доделува МЗШВ се наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште.

Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквите инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е особено важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи.

Потсетуваме дека, право на учество имаат сите Центри за развој на плански региони на територија на Република Северна Македонија кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Главната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *