За само два дена донесена е забрана за работа на дури 37 компании кои не ги почитувале препораките на министерството за труд и социјална политика.Инспекциските служби направиле 207 инспекциски надзори кај работодавачи за почитување на препораките за топлотен бран. Најголемиот дел од забраните се во компании кои се занимаваат со вршење на дејности во градежништвото, земјоделие, отпади, комунални услуги, конфекциски погони.
Од МТСП се децидни , дека фактот што земјава во земјава е прогласена портокалнова фаза работодавачите се обврзани и понатаму да ги почитуваат дадените препораки и да се грижат за безбедноста на вработените во услови на топлотен бран.
За сега нема санкции, работодавачите се само писмено опоменати , но доколку и понатаму не ги почитуваат препораките ќе следуваат парични казни и други санкциски мерки кои се поригорозни.Покрај препораките на МТСП остануваат и препораките од министердтвото за здравство заедно со лекарите кои велат дека најодговорно мора да се почитуваат со цел заштита на општото здравје.
Македонија сè уште во портокалова фаза. Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Според прогнозите, промена на временската состојба се очекува од сабота со благо опаѓање на температурата.